ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мандатарот е познат, но кој ќе влезе во новото партиско раководство

ЦО на СДСМ ќе заседава следната седмица

Централниот одбор на СДСМ ќе заседава во почетокот на следната седмица, првпат по изборот на нов партиски лидер, кога се очекува Димитар Ковачевски да биде потврден како мандатар за состав на новата влада.

Новата седница на ЦО ја најави Стефан Васев на денешната прес-конференција во СДСМ, посочувајќи дека тогаш ќе биде избрано и новото партиско раководство.

Тој, исто така, рече дека парламентарното мнозинство е јасно и сигурно и дека веќе се донесени првите одлуки во парламентот откако Алтернатива стана дел од владејачката коалиција.

Според тоа, и предавањето на мандатот на Ковачевски останува за наредната недела, со оглед на тоа што претседателот Стево Пендаровски рече дека чека официјално известување од партиите од мнозинството за нивниот кандидат за составување на новата влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button