ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Матичните лекари бараат пари, министерот им донесе БЛАГОДАРНИЦИ

Матичните лекари бараат пари, министерот им донесе БЛАГОДАРНИЦИ

Околу илјада матични лекари од цела држава протестираа пред Министерството за здравство. Но, пред да почне, излезе министерот Беким Сали и тоа не со празни раце. Им донесе благодарници, но тие не ги прифатија.

„Во име на сите колеги, овие признанија ќе ги прифатиме во подобро време. Сега се обраќаме до вас бидејќи сите колеги се незадоволни и цениме дека тоа не е решението. Повелете!”.

Побараа само да се исполнат барањата кои ги набројуваа пред министерот.

Од Здружението на матични лекари побараа да им се намали административната работа, да имаат повеќе време за прегледи и да бидат наградени за работата.

Министерот Сали рече дека треба да се направи радикална реформа на системот за приватна примарна медицина.

„Ова ќе биде трио пакет за кој разговаравме, но потребен е договор меѓу Министерството, Фондот и Здружението. Дел од него е покривање на трошоците на приватните медицински установи што значи кирија, основни плати за вработените. Вториот дел се манипулативните трошоци, додека третиот дел е реализација на целите што ги поставивме како министерство и превентивните мерки на Фондот за здравство“, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Лекарите бараат и да им се зголеми коефициентот на плаќање за пациентите од 60 на 90 денари. Ова беше и една од заложбите на СДСМ на последните избори. Ако не се преземат иницијативи за една недела, лекарите најавуваат штрајк.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button