СПОРТФУДБАЛ

Медиумите во Англија: “Ливерпул се договорил со Рубен Аморим”

Рубен Аморим од следната сезона ќе седи на клупата на Ливерпул, откриваат медиумите на Островот. Постигнат е вербален договор меѓу тренерот и раководството на англискиот клуб, кој ќе биде потврден по завршувањето на сезоната.

На „Енфилд“, Аморим ќе има договор на три сезони, ќе биде обврзан со „црвените“ до 2027 година, што би било негово прво тренерско искуство во странство.

Португалскиот стратег е прв фаворит за наследник на Јирген Клоп на „Енфилд Роуд“ откако стана јасно дека Чаби Алонсо ќе остане во Баер Леверкузен уште една сезона.

Преговорите меѓу Ливерпул и Спортинг Лисабон сѐ уште се во тек.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button