ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Мемли Красниќи: Отворениот Балкан не е иницијатива која ќе ги зближи земјите од регионот

Мемли Красниќи: Отворениот Балкан не е иницијатива која ќе ги зближи земјите од регионот

Претседателот на Демократската партија на Косово Мемли Красниќи оценува дека Отворениот Балкан не е иницијатива која ќе ги зближи земјите од регионот и не е концепт кој гарантира безбедност и еднаквост меѓу државите. Красниќи, кој беше во еднодневна посета на Скопје, рече дека Косово останува против „Отворениот Балкан“, но ги почитува индивидуалните одлуки и ставови на секоја држава. Красниќи додаде дека сомнежите на Косово за регионалните иницијативи отсекогаш постоеле и додаде дека споровите со Србија не можат лесно да се решат.

“Во Косово нема поддршка за процесот Отворен Балкан. Уште постои скептицизам и конфузија уште од времето кога се зборуваше за иницијативата мини-шенген, а продолжува и денес со Отворениот Балкан. Демократската партија на Косово ја цени и придава значење на регионалната соработка. Цениме дека регионалната соработка треба да се унапредува, треба да продолжи бидејќи помага да се надминат предизвиците, проблемите, но и предрасудите што ги имаме меѓу себе. Меѓутоа, проблемот меѓу Косово и Србија не се надминува лесно“, изјави Мемли Красниќи, претседател на ДПК./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button