ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за образование сè уште не дава никакви детали за тоа каква ќе биде судбината на учебната година во септември

Почетокот на новата учебна 2021-2022 година е сè уште под знак прашалник. Од Министерството за образование повторно без конкретен одговор, освен што нагласуваат дека враќањето на учениците на училиште е во корист на децата. Од МОН не одговорија дали наставата со физичко присуство ќе зависи од вакцинирањето на наставниците и колку од нив досега биле вакцинирани.

„Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министерството за здравство и се прават напори за вакцинирање на наставниот кадар. Сите сакаме учениците да се вратат на училиште затоа што знаеме дека физичкото присуство е во најдобар интерес на децата“, велат од Министерство за образование.

Во отсуство на официјални бројки, Алсат контактираше со неколку основни и средни училишта каде има голем број невакцинирани наставници. Од Секторот за образование во Тетово велат дека вакцинирани се само наставници кои биле физички присутни и оние кои биле дел од државната матура.

„Процентот на наставници кои биле вакцинирани досега е околу 35% од вработените во основните и средните училишта во Тетово. Доставивме барање и контактиравме со здравствените претставници, ги замоливме во овој период на летен одмор да ни овозможат организирано да ги вакцинираме наставниците од основните и средните училишта во општина Тетово“, изјави Ахмет Ќазими, сектор за образование, Тетово.

„Ако сме обврзани, тогаш мора да се вакцинираме затоа што ќе треба да одиме на настава со физичко присуство. Мора да бидеме вакцинирани, ако сме обврзани. Инаку, јас лично не сум многу заинтересиран за тоа“, рече Гани Амети, наставник во основното училиште „7 март“.

Покрај наставниците во основно и средно образование, и во градинките само мал број вработените се вакцинирани. И од оваа институција не добивме точен одговор за бројот и понатамошната постапка за вакцинирање.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button