ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за правда сè уште не претстави план за прочистување на судството

Министерството за правда сè уште не претстави план за прочистување на судството. Алсат праша, но не доби одговор дали во рамките на првите 100 дена овој план ќе се спроведе. Остануваат помалку од две недели до крајот на овој рок. Како ќе се реализира прочистувањето или ветингот во судството, министерот Маричиќ вети дека тоа ќе го дознаеме во првите месеци од неговиот мандат.

Владата сега вели дека процесот за прочистување на судството започнал минатата година од органите што ја имаат оваа надлежност.

Првиот чекор на ветинг во судството, пишува во програмата на Владата, е направен со давање надлежност на Комисијата за спречување на корупција да го контролира имотниот статус на судиите и обвинителите. За првите три месеци од мандатот, Министерството за правда ветуваше разгледување на Кривичниот законик, за да се обезбеди електронско следење на лицата ослободени условно, во куќен притвор и домашен притвор, за да не избегаат од државата.

Други ветувања од правда, но без рок за спроведување, беа ЕУ- следење на судските случаи за висока корупција, објавување на аудио материјали од судските рочишта и поголема транспарентност од страна на Јавното обвинителство. Беше кажано дека системот АКМИС ќе се централизира и судовите ќе ја подобрат електронската комуникација меѓу нив за да ги забрзаат и олеснат постапките. 5% од застарените судски случаи, по случаен избор треба да бидат прегледани за да се види причината за застареност и одговорност. Дури и за овие ветувања без рок на реализација, досега не се направени конкретни чекори.

Fatlume Dervisshi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button