ВЕСТИ

Мистериозен саркофаг пронајден под Нотр Дам

Археолозите кои работат на обнова на париската катедрала Нотр Дам, оштетена од пожарот пред неколку години, открија непозната гробница скриена под готската црква стара 850 години.

Според соопштението на француското Министерство за култура, до откритието дошле работници кои поставиле земјени скелиња за да помогнат во обновата на урнатата црковна кула.

Кога сфатиле дека нешто е закопано на местото каде попречниот брод го преминува наосот, катедралата го повикала Институтот за превентивни археолошки истражувања.

Утврдиле дека станува збор за неколку гробници и оловен саркофаг, кој најверојатно потекнува од 14 век.

Археолозите успеале во него да вметнат мала ендоскопска камера за да ги испитаат човечките останки.

„Видовме многу добро сочувано тело“, рече Кристоф Бени, водечки археолог за време на обиколката на ископувањата, пренесува Телеграф.

„Се забележуваа и парчиња ткаенина, коса и пред сè, перница од лисја кај главата, добро познат феномен при погребување на верските лидери“, додал тој.

Ископувањата откриле и длабока јама под подот на катедралата за која археолозите веруваат дека била ископана околу 1230 година, за време на изградбата на објектот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button