ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За една година, власта го задолжи секое семејство за 77.500 денари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денесниот фацебоок статус напиша дека долгот зголемен за 630 милиони евра и дека власта го задолжи секое семејство за 77.500 денари.

“Нов долг за секое четиричлено семејство од 77.500 денари за само една година.

Како ја завршивме економски 2021 година:
⁃ Приходи во буџет околу 3,55 милијарди €
⁃ Расходи во буџет околу 4,18 милијарди €

Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди € или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони €.
Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди € што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260€ или за 77.500 денари”, напиша Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button