РЕГИОН

Мицотакис: Климатските промени се виновни за пожарите во Грција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, на прес-конференција посветена на ситуацијата со шумските пожари во Грција, ги посочи климатските промени како главен виновник за пожарите што зафатија голем дел од земјата, пишува „Катимерини“.

Мицотакис истакна дека владата дава приоритет на спасување животи.

„Нема жртви, а илјадници луѓе успешно се евакуирани од своите домови“, нагласи грчкиот премиер.

Тој рече дека шумите и имотите ќе бидат обновени и додаде дека во следните денови ќе им биде исплатен надомест на погодените од пожарите.

Високите температури и сушата создадоа услови за ширење на пожарите, рече Мицотакис, истакнувајќи дека „климатската криза е тука“.

„Сѐ мора да се промени. Потребни се смели одлуки, кои јас сум подготвен да ги преземам“, категоричен беше Мицотакис.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button