ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Младите немаат интерес за образовни насоки, се интересираат како да заминат од Македонија

Младите немаат интерес за образовни насоки, се интересираат како да заминат од Македонија

Наставниците во последните години станаа питачи кои постојано бараат зголемување на платите, изјави претседателот на Синдикатот за образование во општина Липково, Насер Ајдини. Тој додава дека слабите резултати во образованието се последица на потценувањето на наставата и лошите услови за работа.

„Ако сме за квалитетна настава, наставникот треба да биде награден со тоа што му припаѓа и го заслужува. Државите кои имаат напредно образование и работат во оваа насока не ги оставаат учителите да бидат питачи. Нема потреба секоја година да им кажуваме дека немаме и оти треба да ни дадат…“, изјави Насер Ајдини, СОНК, Општина Липково.

„Во моментов е многу тешко, ни требаат подобри, поефикасни услови од секој аспект, не само за платите. Потребна ни е поголема и посилна поддршка, особено од нас, бидејќи тука започнува основата“, рече Сејди Јахиу, наставник.

Наставничката Бехиде Даути заедно со другите колеги од училиштата во општина Липково вели дека губењето на вредноста на наставата ги погодило учениците кои не сакаат да се занимаваат со оваа професија.

„Има многу изгубена вредност и ова е одраз на учениците. Нивниот интересот е многу низок за образовните насоки. Најголем интерес на учениците е да ја напуштат земјата…“, нагласи Бехиде Даути, наставник.

„Особено последниве години воопшто не се цени трудот на наставникот, навистина многу заостануваме со платите…“, рече Аднан Реџепи, наставник.

„Платата е индиректен фактор кој влијае на зголемувањето на квалитетот на образованието имајќи го предвид економското ниво и оваа наша иницијатива не дека ја сакавме, туку мораше да се случи. Ние едноставно не бараме живот над просекот, туку да се приближиме до просекот“, изјави Илир Демири, наставник.

Освен во општина Липково, штрајк во образованието и градинките има и во Куманово и во сите други општини.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button