ВЕСТИСВЕТ

Москва почна масовна вакцинација со „Спутник V“

Москва денес започна да ја дистрибуира вакцината „Спутник V“, против ковид-19, во повеќе од 70 клиники.

Работната група објави дека вакцината од руско производство најпрво ќе им биде достапна на лекарите и другите медицински работници, наставници и социјални работници затоа што се изложени на најголем ризик од заболување, пренесува АП.

Москва, епицентарот на коронавирусот во Русија, регистрираше 7.993 нови случаи за 24 часа, наспроти 6.868 ден порано.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button