МАКЕДОНИЈА

Муареми не разбира зошто против него е поднесена кривичната пријава

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, не знае зошто и неговото име е во кривичната пријава поднесена од Државниот правобранител. Сомнежот е дека e вмешан во кривично дело тешко 17 милиони евра.

„Не се знае во кое својство е ставено моето име, бидејќи јас бев во СЈО како истражител, но треба да се знае дека надлежностите на истражителот е само да се утврди дали е извршено кривично дело или дали има индиции за извршено кривично дело. Тоа се доставува до Јавен обвинител кој одлучува дали за тоа дело ќе покрене истрага или не. Истражителот нема ингеренции да одлучува дали ќе се покрене истрага или не и дали ќе се замрзне имот…тоа одлука на Јавен обвинител. Потоа Судот одлучува дали имотот ќе се конфискува или не. Јас не гледам која е надлежноста на истражителот во таа кривична пријава“, вели Муареми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button