МАКЕДОНИЈА

Муареми: Проблематично извршувањето на движниот имот на „Трансмет“

Недвижниот имот на фирмата Трансмет вреден околу 7,5 милиони евра веќе е во сопственост на државата, додека движниот имот, проценет на приближна вредност, сѐ уште не може да се префрли во државна сопственост, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

„Спорен е движниот имот, што опфаќа разни видови возила, градежна механизација…со овластен проценител е наведено дека е во вредност од скоро седум милиони евра. Со тој имот државата има проблем со извршувањето, односно да се префрли на име на државата“, вели Муареми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button