ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Детско и несериозно однесување на премиерот на државата

За пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, одбивањето на понудата за средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од страна на премиерот на државата е несериозно, додавајќи дека на државата ѝ се потребни итни промени во одредени области. Во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат Панова рече:

„Навистина е детски и несериозно, премиерот на државата да одбие средба со претседател на партија, односно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Одби помош во тимови создадени за четири области за кои ни се потребни итно одредени промени…ова е еден од начините на кои ние сакаме да се факторизираме и да ставиме до знаење дека власта не може сама да одлучува за многу битни прашања, од друга страна е неспособна и во исто време е потребна помош и што поскоро да дојдеме до предвремени парламентарни избори“, рече Панова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button