ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР трага по илегална работилница во која се „штанцаат“ фалсификат 50 и 100 евра

Полицијата истражува постоење работилница за фалсификување пари во тетовскиот регион. Извори на Алсат во рамките на истражната група информираат дека запленетите фалсификувани пари на 27 јануари во казино во Куманово водат кон тетовскиот регион каде има сомнежи за работилница која пуштила во оптек многу вакви банкноти. Последната информација што полицијата ја обработува е поврзана со настанот од 22 јануари, кога неколку минути пред полноќ осомничените од Куманово добиле поголема сума пари од лице во близина на уплатното место во Желино. Пари земал и граѓанин од Косово, чиј идентитет сè уште не ѝ е познат на полицијата. Сè што е познато е дека определена сума пари биле одземени од лице со автомобил „Ауди“ околу 22 часот во близина на Тетово. На пазарот главно се издаваат фалц банкноти од по 50 и 100 евра. Истите биле користени за секојдневни плаќања во ресторани, кафулиња, трговски центри и казина. Под истрага на полицијата се ставени и субјектите кои примиле вакви пари, меѓу кои и казина. На 27 јануари кога беа уапсени двајцата кумановчани во автомобилот на еден од нив, 43-годишно лице, беа пронајдени 11 банкноти, а претходно било констатирано дека двајцата во друштво на 32-годишник пуштиле во оптек значителна количина фалсификувани пари, вредност што според полицијата, изнесува 80 илјади денари. Според Кривичниот законик, за изработката, пуштање во оптек и користење на фалсификувани пари се предвидува казна затвор од една до 10 години. Казните се однесуваат и на физичкото лице или субјектот што добил вакви пари, а не ги пријавил.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button