ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На денешен ден пред 19 години земјава го поднесе барањето за членство во ЕУ

Со поднесувањето на барањето за членство во Унијата, во Даблин пред 19 години, македонската Влада избра европска иднина за земјата, со што и официјално го започнавме нашето патување низ бриселските процедури до членство во ЕУ, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на официјалниот Фејсбук профил.

-После 18 години чекање за почеток на преговори со ЕУ и тешките и државнички одлуки кои ги донесовме, успеавме членството на Северна Македонија во ЕУ да го направиме реално и сигурно. Сега е прашање само на мудро искористување на околностите и нашата подготвеност. Денес не треба да имаме дилема дали требаше или не да се поднесе апликацијата во Даблин. Стратешки ја позициониравме државата и застанавме на страната на европските вредности, мирот, стабилноста и просперитетот, пишува Маричиќ.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button