ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Каматната стапка на благајничките записи повторно зголемена

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика со тоа што повторно ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 5,50 проценти. 

На седницата на Комитетот за оперативна и монетарна политика, одржана вчера, е донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 процентни поени со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,40 проценти и 3,45 проценти, соодветно. 

Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. 

– Со овие промени, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, со активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем, се наведува во денешното соопштение од Народната банка. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button