ВЕСТИСВЕТ

На ЕУ самитот во Брисел постигнат договор за буџетот

Лидерите на ЕУ склучија договор за деблокирање на буџетот на Унијата од 1,8 трилиони евра и на пакетот за заздравување од коронавирусот. Ова се смета за витален момент за тешко погодената економија на континентот, откако беше блокиран со недели од Унгарија и Полска поради одредбите што го поврзуваа со почитувањето на владеење на правото. „Сега можеме да започнеме со имплементација и да ги градиме нашите економии“, твитна претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за време на самитот во Брисел, без да ги открие деталите за договорот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button