РЕГИОН

На фестивалот што се одржува во Приштина илјадници музички фанови уживаа во настапот на светската музичка ѕвезда Дуа Липа

На фестивалот што се одржува во Приштина илјадници музички фанови уживаа во настапот на светската музичка ѕвезда Дуа Липа

Националниот парк Гермија во Приштина стана точка која собра илјадници љубители на музиката, кои учествуваат на фестивалот на светската музичка ѕвезда Дуа Липа која потекнува од Косово.

По настапите на разни пејачи, нешто по полноќ се појави и Дуа Липа, која испеа дел од нејзините песни.
Липа се врати да настапи на третото издание на фестивалот „Сани хил“ кој во Приштина донесе многу големи имиња од светската музика, но и локални изведувачи.

Овогодинешното издание на фестивалот се организираше под мото за укинување на европските визи за Косово.

Фестивалот ќе трае до 7 август, а секој ден се очекува да доаѓаат по над 25 илјади посетители. Цените на билетите се движат од 70 до 350 евра.

Првото издание на фестивалот се одржа во 2018 година./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button