ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На прославата за Рамковниот договор пејачи ќе заработат по 10.000 евра!

На прославата за Рамковниот договор пејачи ќе заработат по 10.000 евра!

Околу 100 илјади евра народни пари ќе чини прославата на 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор. Нејзин организатор е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, додека фирмата која го доби тендерот за организација е Арберија Дизајн од Тетово.

Според податоците на Радио Слободна Европа, од тендерите дневно ќе се трошат по околу 1.200 евра за хотелско сместување за најмалку 50 лица, јадењето ќе чини по 50 евра од лице, 40 евра ќе се издвојуваат за хотелски услуги поединечно, за кафе и безалкохолни пијалоци 10 евра по лице, а дополнителната храна од менито ќе чини околу 65 евра по лице.

Домаќините ќе заработуваат дневница од по 50 евра, пејачите и музичарите од странство по 10.000 евра, додека домашните 7.350 евра. Водителите ќе инкасираат по 700 евра, а преведувачите по околу 1 илјада евра. Пари ќе бидат издвоени и за опрема, озвучување, осветлување, снимање и фотографирање на настанот. За поетските стихови и музиката на песната за годишнината од Охридскиот договор се издвоени 5.600 евра.

Прослава на Охридскиот договор (100.000 евра)

1.200 евра дневно за хотелско сместување, 50 лица
50 евра кетеринг по лице
40 евра за хотелски услуги по лице
10 евра за кафе и безалкохолни пијалоци по лице
65 евра храна од мени по лице
50 евра дневница за домаќините
10.000 евра за странски пејачи
7.350 евра за домашни пејачи
700 евра за водители на концертот
1.000 евра за преведувачи
5.600 евра за креаторот на јубилејната песна
1.300 евра за експерти во училиштето „Peace Forum Dialogue”

Освен главната манифестација на плоштадот Скендербег во Скопје, во Маврово пак, се организира училиште за млади “Peace Forum Dialogue”. На стручните лица ангажирани за предавање ќе им се платат по 1.300 евра од настан.

Првиот вицепремиер Артан Груби има намера оваа манифестација да ја претвори во традиционален фестивал.

„Се трудиме следната година да биде сличен на фестивалот „Сани хил“ кој се одржа пред една недела во Приштина и кој го организира Дуа Липа или нешто слично на фестивалот „Егзит“ во Србија или други фестивали, т.е. 2-3 дневен фестивал кој ќе се одржува во Скопје и се надевам дека следната година, зошто да не, ќе дојде Бебе Реџа од Македонија“, рече Артан Груби, прв вицепремиер.

Инаку, основната дејност на фирмата-организатор Арберија Дизајн е печатење книги, вклучително и сведителства за училиштата, но таа е и меѓу главните финансиски донатори на ДУИ. Според Радио Слободна Европа, во последните четири години фирмата добила 61 тендер во вредност од 4 милиони евра.

Претходно летово на почетокот на јуни, ДУИ организираше сличен настан за 20-годишнината од основањето на партијата. Трошоците никогаш не беа објавени бидејќи од партијата велат дека парите им бил од донатори, но се верува дека и таму биле потрошени барем 100 илјади евра./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button