ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Кичевчанецот го кандисаа да се тестира за мајмунски сипаници

Кичевчанецот го кандисаа да се тестира за мајмунски сипаници

Пет дена по сомнежите дека кичевчанец има симптоми на мајмунски сипаници, здравствените власти денеска успеаја да го убедат да му земат брис за тестирање. Според Комисијата за заразни болести, брисот денеска ќе се анализира во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, за да се докаже дали 43-годишникот, кој дошол од Австрија е заразен или не со овој вид сипаници.

„Во Центарот за јавно здравје-Битола веќе е добиен примерок за анализа од пациентот од Кичево за кој е препорачано тестирање. Веднаш по обработката на земениот брис во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, јавноста ќе биде информирана за резултатот“, изјавија од Министерство за здравство.

Во меѓувреме, од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека сè уште нема пријави за оваа болест кај домашните животни. Ризикот од нејзино пренесување од животно на човек постои преку близок физички контакт, како што е чување на заразени домашни миленици во затворени простории или каснување од веќе заболени диви животни. Од Агенцијата велат дека вирусот може да се пренесе и со неправилно готвење на контаминирано месо.

Претходно вчера, тестот за вториот сомнителен случај, беше негативен. Стануваше збор за пациентот со симптоми на кожен осип и треска, мигрант од Сирија, кој беше повреден во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Гевгелија-Демир Капија пред два дена. Од Комисијата за заразни болести велат дека нема потреба од паника бидејќи мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button