ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСПОРТ

На Шкендија ѝ се закануваат големи казни поради инцидентите во Тетово

Шкендија во наредните денови ќе се соочи со тешка казна од Фудбалската федерација на Македонија, по инцидентите кои се случија внатре и надвор од стадионот во Тетово, на средбата против Шкупи, кој заврши нерешено и без голови. По затворањето на конечниот извештај на делегатот, комесарот и судиите, одлуката за казната ќе ја донесе Дисциплинската комисија.

Според правилата, за секој напад врз судија, страничен или главен, организаторот го чека казна суспензија на теренот каде што се одиграл натпреварот. Казната може да биде играње од два до 10 натпревари на најмалку 100 километри од Тетово.

Но, казните за Шкендија не би завршиле тука. Би следувале казни и за повредата на фудбалерот на Шкупи на почетокот на вториот дел, за фрлените пиротехнички средства, прекинот на натпреварот, како и за расистичките скандирања, кои на европските натпреварувања носат драконски казни.

Последните информации говорат дека Шкендија се очекува да биде казнета со суспензија на стадионот во Тетово и со глоба од 5 илјади до 10 илјади евра, но конечната одлука ќе биде донесена следната недела. /Алсат.мк

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button