СВЕТ

Најмалку 31 лице загина во поплавите во Индија

Најмалку 31 лице загина во поплавите во Индија

НДТВ денеска објави дека дождовите го подигнале нивото на водата во реката Брамапутра и нејзините притоки.

Најмалку 12 лица загинаа како последица на поплавите и лизгањето на земјиштето во Асам, каде што околу 1,9 милиони луѓе се во зоната на поплавите. Властите на Мегалаја пријавија 19 смртни случаи.

Околу 3.000 села во двете држави се поплавени. Од минатата среда во некои делови од североисточниот дел на земјата наврнаа повеќе од 800 милиметри дожд.

Администрациите во регионите погодени од поплавите издадоа предупредувања во кои ги повикуваат луѓето да не ги напуштаат своите домови освен ако има итна потреба или потреба од медицинска помош.

Синоптичарите предупредуваат дека врнежите ќе продолжат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button