МАКЕДОНИЈА

Народен правобранител: Недостаток на лекари и лекови во затворите

Третманот на затворените зависници од наркотици по затворите во земјава е вознемирувачки и во алармантна состојба. Ова се наведува во годишниот извештај на Народниот правобранител, во кој се вели дека нема соодветен медицински персонал, а на затворениците зависници од наркотици не им се дава соодветна терапија, што честопати влијае врз нив да се обидат да се самоубијат. Состојбата во затворот Куманово е позагрижувачка.

„Овој затвор нема лекар. Има еден лекар кој ги посетува двапати неделно и медицински техничар кој често ги надминува своите надлежности со пишување рецепти и дози кои се разликуваат од третманот пропишан од соодветниот лекар“, рече Насер Зибери, народен правобранител.

Според извештајот, тешка ситуација е и во затворот Идризово, каде 1/3 од затворениците се зависници од наркотици. Брзата помош во рамките на овој затвор има само еден лекар кој не е специјализиран за справување со пациенти, корисници на наркотици. Друг проблем е недостатокот на доволно лекови, метадон за лекување на овие луѓе.

„Постојат и други ситуации, како што е нелегално воведување на разни лекови, потоа проблеми што ги произведува тоа“, додава Зибери.

Зибери рече дека Министерството за здравство е информирано за оваа состојба, но според него, досега ништо не е сторено. Во текот на 2020 година, Народниот правобранител изврши 25 ненајавени посети, од кои 10 во казнено-поправните установи, 9 во полициски станици и 6 во центрите за азил. Извештајот исто така открива проблеми во полициските станици каде има недостаток на персонал за да ги информираат притворените лица, особено децата, за нивните права и за да бараат заштита.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button