ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наскоро ќе започне состанокот за избор на нов директор на АНБ

Во 14:00 часот започнува средбата зад затворени врати за избор на нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Најголем дел од имињата за кои се шпекулираше дека би можеле да седнат во директорското столче во Агенцијата се отфрлени, а стануваше збор за Зоран Мачкиновски, Жарко Милошовски и Оливер Лукаревски.

Во меѓувреме, актуелниот директор Димовски си заминува од АНБ на чие чело дојде во 2019 година. Зад себе остава илјадници непотпишани барања за државјанство, многу институции заглавени во процедурите како резултат на немањето безбедносни сертификати за вработените и пред сѐ, оставајќи го АНБ без новиот објект кој требаше да ја направи оваа институција независна од Министерството за внатрешни работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button