ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Италијанска компанија ќе врши надзор на градежните работи на Бехтел и Енка

Компанија од Италија ќе го врши надзорот на градежните работи на Бехтел и Енка. За својата работа ќе добие 23 милиони евра од државата. Ова ексклузивно го изјави директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, за вечерашната емисија Економски магазин на Алсат. Следните десет дена е рокот за жалби на останатите две компании кои отпаднаа од игра. Потоа следува процес на договарање на владата со американско – турскиот конзорциум Бехтел и Енка за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10. Според најавите на Рустеми, прв за градба се предвидува автопатот Гостивар – Кичево бидејќи на оваа траса има најмалку предмети за експропријација.

„…чест ми е во вашата емисија да соопштам дека денес ни беше вратена од Бирото за јавни набавки одлуката и денес го објавивме победникот за надзор на работата за коридорот 8 и коридорот 10, тоа е италијанска фирма ИРД инженеринг“, соопшти Рустеми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button