МАКЕДОНИЈА

Нечев: Бугарските барања полека си влегуваат во Заклучоците на ЕУ

Сите елементи од заклучоците на Советот ЕУ треба внимателно да се читаат оти еден ден, кога земјава започне пристапни преговори, од нас ќе се бара сите тие да бидат исполнети, вели во своето вечерашно јавување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Зоран Нечев, од Институтот за демократија. Како што забележува тој, сите бугарски барање полека си наоѓаат писмена форма во овој извештај.

„Од последните заклучоци исчезна зборот – оваа година, во делот на С Македонија исклучиво се користи долгото име, за разлика од сите останати земји, значи нема еден унифициран пристап. Тоа може да се поврзе со оние бугарски барања. Јас не успеав ниту еднаш да пронајдам да се користи придавката – македонски. Сѐ повеќе поради притисоци од одредени земји членки од соседството таа придавка се избегнува. Гледаме дека некои работи, коишто произлегуваат од бугарските барања, се надополнуваат во заклучоците“, вели Нечев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button