ВЕСТИЗДРАВСТВО

Неколку правила за успешна борба со целулитот

Иако со цело срце ја поддржуваме природната состојба на телото, тешко дека ќе најдеме жена која е среќна на појавата на целулит. За жал 90% жени постари од 18 години го имаат во некој облик. За количината на целулит не се пресудни нивните годините ниту пак нивната тежина. За неговото настанување заслужни се неколку фактори (неправда- машките скоро никогаш го немаат), начинот на живот, генетските предиспозиции а постојат и теории дека хормоните имаат голема улога, но тоа се уште не е докажано.

Потврдено е дека микроциркулацијата и протокот на лимфи ( а особено намалувањето на протокот) играат улога во настанувањето и третирањето на целулитот, што води кон добри вести- и на едно и на друго влијае начинот на живот што значи со мали промени може да направите да исчезне несаканиот целулит.

1. Движете се
Стилот на живот во кој поголемиот дел од денот го поминувате во седечка положба дирекно влијае на протокот лимфите и на неговото успорување. Лимфната дренажа сама по себе не е процес која се одвива брзо, а ако денот го поминуваме во седечка положба практично застанува или се успорува и неопходно е масажа за да се раздвижи. За жал ни најдобар масер ниту било каков апарат не може да го подигне цел организам, ако не се движите. Добра вест е брзото одење за тоа. Ако ви е потребна помош, постојат многу различни апликации кои ќе ги следат километрите и бројот на чекори кои ќе ги правите на дневно ниво.

2. Седете исправено
Да нагласиме – седете исправено. Немојте да ги преклопувате нозете и не искривувајте се. Лимфата веќе тече доволно споро низ нозете бидејќи кога седите доволно долго во текот на денот, нема потреба дополнително тоа да го правите. Знаеме дека доволно звучи невозможно ако сте навикнати секогаш да седите со скрстени нозе, ама пробајте и променете го тоа.

3. Избегнувајте тесна облека
Големи се шансите да сакате да носите тесни панталончиња, тесни здолништа и фустанчиња ама кога го стегаат вашето тело, допринесуваат за настанување на целулит бидејќи ја намалуваат циркулацијата, особено ако се тесни околу колковите. Исто така носење на тесен долен веш чија главна функција е да го обликува телото одбегнувајте да го носите секојдневно и долготрајно. Чорапи за стегање кои ги носат оние кои имаат проблем со вени, се добра работа кога не се претерува, а особено кога патувате со авион.

4. Паметно бирајте облека
За жал ќе ги разочараме девојките кои носат високи потпетици, балетанки со потполно рамни и тенки ѓонови. Ни едните ни другите не се пожелни за носење доколку сакаме да немаме целулит бидејки сметаат на крвотокот и течењето на лимфи. Идеална висина на потпетици е три сантиметри. Тоа не значи дека не треба да се носи ништо друго, туку да се води сметка колку долго и колку дена се носат.

5. Внимавајте на исхраната
Најверојатно знаете за што се работи доволна количина на течности ( секако не сите врсти, најмногу вода), пет оброци кои содржат овошје и зеленчук, леб со разни врсти на цели зрна на житарки…Општо познато е дека луѓето кои јадат здрава храна имаат многу помалку проблем со целулит. Тоа што најверојатно не го знаете е дека преголема количина на протеини негативно влијае на целулитот затоа што ја намалува микроциркулација. Посебно треба да се внимава на количината на внесување сол и шеќер бидејќи долго време ја задржува водата во организмот.

6. Исправете го грбот
Кога држењето на телото е лошо, особено додека се движите тоа неповолно влијае врз мускулите на нозете и на начинот на работење на нив, влијае врз намалување на крвотокот и протокот лимфи, нозете отекуваат и ја задржуваат водата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button