МАКЕДОНИЈА

Неколку скопски улици без вода

Неколку скопски улици без вода

Без вода денеска од 11:00 часот се корисниците од улиците „Варшавска“, „Хелсински“, „Мексичка“, „Ташкенска“ и „Хаванска“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на ул.„Варшавска“ бр.36.

Исто така, од 11:00 часот без водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата „Рилски Конгрес“ од бр. 28 до бр.45 поради дефект во шахта на ул.„Рилски Конгрес“ бр.28.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button