ВЕСТИЗАБАВА

Необичен рецепт: Фламбирани палачинки

Денеска предлагаме палачинки во сос од портокал и путер, фламбирани со коњак. Одличен десерт!

Состојки:

За ПАЛАЧИНКИ ќе ви треба:
120 гр. брашно
малку сол
1 јајце
280 мл. млеко
1 лажица масло

Дополнително ќе ви треба:
нутела крем

За ФЛАМБИРАЊЕ ќе ви треба:
малку шеќер
40 гр. путер
1 портокал коњак (или ликер Гран Марние)

Подготовка:

Чекор 1: Сите состојки за палачинки измешајте додека не добиете хомогена смеса. Направете неколку палачинки, премачкајте ги со тенок слој Нутела, завиткајте ги како триаголници и тргнете ги на страна.

Чекор 2: Во тавата ставете шеќер колку да го покриете дното. Почекајте го да се стопи и додадете го путерот. Потоа додадете сок од портокал и оставете да проврие. Срцевината на портокалот исечкајте ја на резанки и додадете ја во сосот.

Чекор 3: На крај додадете го ликерот или коњакот и оставете ги палачинките да се фламбираат.

Чекор 4: Сервирајте!

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button