ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нов судски совет за случајот „АЛФА“

Во случај предметот „Алфа“ да оди на повторно судење, првостепениот совет во Кривичниот суд нема да биде ист како во првата пресуда. Ова е затоа што судијката Добрила Кацарска сега е уставен судија, а Гордана Спиреска е член на Судскиот совет. Алсат од официјални извори во Кривичниот суд дознава дека предметот ќе влезе во АКМИС системот. Оценката и одлуката дали „Алфа“ оди на повторно судење ќе се донесе по завршување на предметот, односно откако Апелациониот суд ќе одлучи по жалбата на обвинетиот Алмир Дрпљанини кому за овој предмет му се суди во оделна постапка. Од второстепениот суд ни рекоа дека се уште се работи на жалбата од 14 април 2022 година и не е донесена конечна одлука.

Доказите што ги обезбеди одбраната, супер вештачењето изготвено во Србија ќе бидат доставени прво до Бирото за судски вештачења, институција на чие чело е Валдет Џафери. Оваа институција на некои барања од одбраната одговори дека немаат можности и институционални ресурси за антрополошко и фотограметриско вештачење, што значи дека новите докази што ги обезбеди одбраната ќе бидат оценети позитивно и во корист на одбраната.

За вештачењето треба да се произнесе и Јавното обвинителство, чие мислење ќе зависи од правните и стручните оценки на Бирото за судски вештачења. Претходно, главниот обвинител Љубомир Јовески во ексклузивно интервју за Алсат изјави дека иако вештачењето е најсилен доказ, несомнено мислењето на обвинителството ќе биде позитивно и случајот може да оди на повторно судење.

Извори од Кривичниот суд  за Алсат додаваат дека за случајот „Алфа“ веднаш ќе се постапи бидејќи се работи за доживотен затвор кој не смее да се влече додека не се докаже дека обвинетите не се вистинските сторители на убиството на полицаецот во Скопје во 2008 година.

Вештачењето кое во јуни минатата година го подготви вештакот Ненад Шипка, констатира дека лицата осудени за ова кривично дело Агим Ислами, покојниот Реџаил Ќерими, Алмир Дрпљанин и поранешниот осуденик за логистика Рамадан Шакири не се сторители на кривичното дело. Заклучокот на вештакот Шипка се заснова на вештачењето направено од видео снимката која претставува релевантен доказ на Обвинителството .

За убиството на полицаецот Албанец и ранувањето на уште двајца други во 2008 година на паркингот на Природно-математичкиот факултет во Скопје на доживотен затвор се осудени Агим Ислами и Реџаил Ќерими. Реџаил Ќерими почина во затвор, чекајќи ја правдата. Алмир Дрпљанин беше осуден во отсуство, а подоцна екстрадиран во Македонија, а Рамадан Шакири беше осуден на 9 години затвор за логистика. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button