ВЕСТИЗДРАВСТВО

Нови 163 заболени со грип изминатава недела

Нови 163 случаи на заразени со грип или заболувања слични на грип се евидентирани во земјава во изматава недела од 25 до 31 март, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Новите податоци покажуваат намалување на бројот на заразени за 38,5 проценти во споредба со претходната недела.

Според статистиката на Институтот 111 заболени лица се на возраст од 15 до 64 години, 31 дете на возраст од пет до 14 години, 12 луѓе на возраст над 65 години и девет регистрирани деца на возраст до четири години.

„Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години. Заболените се пријавени од 17 ЦЈЗ – ПЕ, во Гостивар – 35, Неготино – 25, во Скопје и во Битола – по 22, а во останатите, бројот на пријавени е еднаков или помал од дваесет. Во 15 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во Гостивар – сезонска, а во Неготино – средна активност на вирусот на грип“, наведуваат од ИЈЗ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button