ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови 30 дена притвор за Орце Камчев

Орце Камчев останува во Шутка. Кривичен му определи нови 30 дена притвор. На барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција судот утврди дека постои можност бизнисменот да избега, па затоа мерката му е продолжена на уште еден месец. Камчев преку адвокатите може да бара да биде пуштен од Шутка од страна на Апелациониот суд. Но, денеска одбраната на Камчев соопшти дека ќе поведе постапка за утврдување на незаконитост на доказите на АНБ. Адвокатот Тони Менкиновски посочи дека се уште ја нема видено службената белешка на тајната полиција, преку која на Камчев му беше одреден притвор, бидејќи службата увидела дека тој ќе бега.

„Оваа информација АНБ ја изготвила надвор од сите свои овластувања и утврдувања во Законот за АНБ и истата му ги ограничила основните човекови права на господинот Камчев. Апелираме институциите да работат совесно“, рече Тони Менкиновски, адвокат на Орце Камчев.

Одбраната смета дека АНБ ги пречекорила овластувањата – немала судска наредба за тајно собирање информации. Дополнително, адвокатот Менкионовски праша како Камчев ја загрозил националната безбедност за да биде следен од 12 – ти до 14 – ти февруари, а притоа службената белешка на АНБ да стане државна тајна. Менкиновски тврди, Камчев немал средби со бугарски агенти.

„Ниту имал средби, ниту имал намера да бега. Сега кога влеговте во болницата гледате господниот Камчев се занимава во реновирање“, додава Менкиновски.

Одбраната поднела и претставка до Судскиот совет за судијата кој му одредил притвор на Камчев. Бизнисменот е во притвор од 14 – ти март. Осомничен е во случајот „Плацеви на Водно“ каде освен Камчев осомничен е и бегалецот Никола Груевски за кого истрагата на обвинителството утврди дека со партиски пари на ВМРО – ДПМНЕ купил плацеви на падините на Водно за 1,3 милиони евра.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button