ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нуредини: Постапките за пречистителната станица треба да продолжат

Нуредини: Постапките за пречистителната станица треба да продолжат

Ставот на Европската инвестициска банка непречено да продолжи постапката за изградба на пречистителна станица за отпадни води во реката Вардар го поддржува и министерот за екологија. Министерот Насер Нуредини вели дека треба да се почитува согласноста на Банката, која е лидер на проектот.

„Постојат правила, комисијата треба да постапи врз основа на правилата на Европската инвестициска банка, секоја фаза и одлука донесена од Комисијата треба да добие согласност од Европската инвестициска банка… Вчера Европската инвестициска банка даде изјава и јас ќе се држам до мислењето на Банката и ќе продолжам со меѓународните стандарди како што бараат“, рече Насер Нуредини, министер за екологија.

Европската инвестициска банка, во одговор на прашањата на Алсат, нагласи дека од првата фаза од проектот за изградба на пречистителната станица во Скопје се испочитувани сите преземени услови и обврски, а Комисијата за евалуација ги извршила сите обврски. Но, посочуваат дека последните случувања во градот може да го загрозат грантот за изградба на станицата.

„Обидите за ревидирање на стратегијата за снабдување без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација или неусогласување со постоечките принципи за доверливост, може да предизвикаат големо доцнење во процесот на снабдување и на тој начин да се загрози пристапот до средства. ЕИБ со нетрпение чека на успешното завршување на евалуацијата која е во тек и дистрибуција на соодветните договори без никакво откажување“, велат од Европска инвестициска банка.

Од друга страна, градоначалничката на Скопје, го обвинува поранешниот директор на Водовод и други одговорни лица дека сториле кривично дело при подготовката на тендер. Но, на новинарско прашање таа не кажа за какви злоупотреби станува збор.

Инаку, во Јавното претпријатие Водовод и канализација дојдоа претставници на Финансиската полиција и Обвинителството. Изградбата на Пречистителна станица во реката Вардар е проект кој чини 136 милиони евра и е финансиран од Европската инвестициска банка, Европската банка за развој и обнова и од Европската комисија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Станицата се очекува да биде изградена на површина од 13 илјади хектари и ќе треба до 90% да ја чисти водата што се слева во Вардар./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button