ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара притвор за маж и жена од Бугарија

Маж и жена од Бугарија се осомничени за измама поради што Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага. Тие се сомничат дека измамиле жена од Аеродром и во два наврати ѝ зеле 8 000 евра.

„Двајцата соизвршители, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со прикажување лажни факти преку телефонски разговор довеле во заблуда една оштетена со живеалиште во општина Аеродром, на која во два наврати и зеле вкупен износ од 8 000 евра. Користејќи се со измама и презентирајќи лажни факти, осомничените ја навеле оштетената првиот пат да им даде 5 100 евра, а потоа уште 2 900 евра“, велат од ОЈО Скопје.

Од скопското обвинителство наведуваат и дека бараат притвор бидејќи станува за странски државјани без регулиран престој во земјава и затоа постои ризик да избегаат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button