ВЕСТИСВЕТ

Од 2025 година забранет пристап до социјалните мрежи за децата во Флорида помлади од 14 години

Во американската сојузна држава Флорида, на децата помлади од 14 години од следната година ќе им биде забрането да се приклучуваат на социјалните мрежи.

Станува збор за закон потпишан од гувернерот Рон ДеСантис, кој им наредува на компаниите кои поседуваат социјални мрежи да ги избришат профилите на лица под 14 години, пишува Ројтерс.

На децата на возраст од 14 и 15 години ќе им треба родителска согласност пред да се најават на платформи како Истаграм и Снепчет.

Компаниите кои нема да ги избришат профилите ризикуваат да бидат тужени во име на децата.

Доколку се прекрши законот, компаниите би можеле да платат казна од 10 000 до 50 000 долари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button