ВЕСТИЗДРАВСТВО

Од есен можни нови рестрикции – влез на културни и спортски манифестации само за вакцинираните

Без потврда за вакцинација против Ковид 19, граѓаните нема да можат да учествуваат во разни настани во затворено. Само оние кои се имуни на Ковид 19 ќе можат да влезат во кино, културни настани и слично. Ова се очекува да биде следната мерка што ќе стапи на сила наесен, како превенција од ширење на вирусот и како поттик за масовна вакцинација.

Теренската вакцинација како и во државните институции продолжува да тече.

Во врска со зголемувањето на позитивните случаи во Тетово како резултат на прослави и свадби, Филипче рече дека не се размислува за какви било присилни мерки или евентуално каков било карантин на градот Тетово. Според него, свеста на граѓаните треба да биде приоритет за индивидуална и колективна заштита. Во последните 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на заболени од Ковид 19 во земјата. 11 во Скопје, 6 во Тетово и 1 случај во Свети Николе.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button