ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од РКЕ вака се правдаат за повисоките сметки за струја

Бројните поплаки од граѓаните за трошокот од 200 денари за пристап до електричната мрежа ја поттикнаа Регулаторната комисија за енергетика да излезе со нови објаснувања. Сметките од јануари наваму имаат пораст кој на годишно ниво се проценува на 2.400 денари. Но, според РКЕ тоа е направено за распределба на надоместокот за да не се зголеми цената за блок првата тарифа за 9% и евтината тарифа за 14%.

Претседателот на оваа комисија, Марко Бислимовски, тврди дека нема екстра-профит за компаниите за производство и дистрибуција на електрична енергија, а немало ниту дополнителни трошоци на сметките. Според него, само се спроведува нов начин на распределба на трошоците за оние кои имаат две или три имоти во кои не се живее за плаќање за пристап до струја кои досега беа оданочувани кај оние кои биле активни.

Според податоците на РКЕ во 2023 година вкупната потрошувачка на електрична енергија е намалена за 10% во однос на претходната година. Тоа се должело на фотоволтаиците, домаќинства и фирмите кои преку свои соларни панели си произведуваат струја за себе. Бислимовски вели и дека 18% е вкупната потрошувачка е во евтината тарифа.

Струјата произведена во термоцентралите преку согорување на јаглен, која се извезува, не може да ја намали цената под 57 евра за mWh според претходниот договор за универзалниот снабдувач.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button