МАКЕДОНИЈА

Али Ахмети одговори за најавата на Мицкоски за „Балансерот“

По условот на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, албанските партии кои ќе сакаат постизборна коалиција со него, да се договорат за смена на балансерот. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не го открива својот став. Сепак, вели дека не станува збор за силен услов.

„За Балансерот не одлучуваа само партиите што се тука. Балансерот е институционална одлука за следење на реализацијата и имплементацијата на Охридскиот договор. Но, тоа не беше многу силен услов“, рече Ахмети.

Мицкоски во промовирањето на програмата на партијата за изборите рече дека балансерот е дискриминаторски и оти вработувањата треба да се вршат по заслуга.

Мицкоски најави и реорганизација на министерства и институции, укинување на функциите заменици-директори, Собрание со 90, наместо со 120 пратеници, дигитален попис на населението итн.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button