ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од утре до недела променливо време, со дожд и пад на температурите

Од утре до недела променливо време, со дожд и пад на температурите

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре до недела ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button