ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од утре почнува етапната исплата на февруарските пензии

Oд утре почнува етапната исплата на февруарските  пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник); и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button