ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одреден куќен притвор за Мијалков, полицијата трага по него

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Од МВР за МИА потврдија дека му е одреден куќен притвор и оти се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.

Обвинителството побарало куќен притвор поради опасност од бегство во пресрет на објавувањето на пресудата за предметот Таргет-Тврдина в петок, а во кој Мијалков е еден од обвинетите.

Обинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна за Сашо Мијалков.

Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Пресудата за „Таргет – Тврдина“ треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button