ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Огнената група на ДУИ брои тројца пратеници

Огнената група на ДУИ брои тројца пратеници

Во пратеничката група на ДУИ ќе влезе и независниот пратеник Кастриот Реџепи. Неговото вклучување во ДУИ минува низ таканаречената „огнена група“. لعبة روليت مباشر Синоќа Изет Меџити, Блерим Беџети и самиот Кастриот Реџепи објавија иста фотографија со натпис, заедно. Меџити пред медиумите најави дека Реџепи ќе биде дел од пратеничката група, а Реџепи рече дека сите позиции за натамошното политичко дејствување ќе ги каже в четврток во емисијата „Патот кон“ во Алсат. Без огнената група која сега брои тројца пратеници, парламентарното мнозинство останува со 60 пратеници плус еден независен пратеник односно Скендер Реџепи. ترتيب البوكر Фотографијата е направена на истото место каде пред една година беа фотографирани Ахмети, Меџити, Џафери и Беџети, неколку дена откако пропадна обидот на опозицијата за рушење на Владата.
Во меѓувреме, првиот вицепремиер Артан Груби говорејќи за обвинувањата на „огнената група“ рече дека Ахмети ги кажал сите позиции за нивните барања и обвинувањата против министрите во Владата. На прашањето „зошто не ве сакаат во ДУИ?“, Груби рече дека Ахмети треба да одговори.

„На ова прашање ќе треба да одговори Али Ахмети, но и сите останати. العاب على الهاتف المحمول Ние сме тука да си ја завршиме работата, да ја спроведеме програмата и да го реализираме она што им го ветивме на граѓаните и гледам дека се зголемува поддршката на гласачкото тело на ДУИ. Во сите анкети ДУИ ужива поддршка од повеќе од половина од гласачкото тело кај Албанците“, рече Артан Груби, прв вицепремиер.

Додека „огнената група“ продолжува со политичко „врбување“ за зголемување на бројот на нивни поддрувачи, Движењето Беса неофицијално подготвува иницијатива за интерпелација против Груби. Мотивите на интерпелацијата денеска официјално не ги коментираа од партијата на Билал Касами, но кусо рекоа дека се очекуваат конкретни дејствија во текот на неделата, не прецизирајќи го денот кога и официјално ќе го известат првиот човек на Собранието за барањето интерпелација. Според Деловникот на Собранието, најмалку пет пратеници можат да поднесат интерпелација за работата на носителот на јавната функција, за Владата и за секој нејзин член посебно.

Движењето Беса во Собранието е претставено со двајца пратеници, по заминувањето на Реџепи поради неучество на седницата за гласање доверба во ноември минатата година. Не се знае дали партијата на Касами има обезбедено поддршка на пратениците од „огнената група“ Изет Меџити и Мерита Коџаџику или ќе бара поддршка од пратениците од Алијанса за Албанците или од ВМРО-ДПМНЕ. За да се изгласа интерпелацијата потребни се најмалку 61 пратеник./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button