ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ограничените трговски маржи не спречија раст на цените

Ограничените трговски маржи не спречија раст на цените на дел од производите. Министерот за економија Крешник Бектеши и самиот увидел повисоки цени. Пазарните инспектори сега треба да проверат дали причината за растот е зголемена набавната цена или станува збор за непочитување на владината одлука од страна на некои трговци. Ограничената маржа нема да биде тргната сè додека не дојде до намалување на цените.

„За одредени производи во состав на одлуката има намалување, а за одредени има зголемување затоа Државниот пазарен инспекторат утре ќе достави извештај и тие што има потврда дека има зголемување, а не зависи од трговците на големо и на мало, ние ќе донесеме дополнителни олеснителни мерки за граѓаните да не плаќаат повисоки цени. Ќе има дополнителни олеснети мерки и за граѓаните и за стопанството наредната недела“, изјави Крешник Бектеши- Министер за економија.

Покрај цените на производите, утре се очекува и Регулаторната комисија да донесе одлука за нови цени на горивата. Со оглед на цената на берзите се очекува и горивата кај нас да одат во нагорна линија. Бектеши уверува дека и да се случи раст на цените тие повторно нема да бидат повисоки од оние во соседните земји.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button