ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид и Струга да се промовираат во Малме, Милано и Виена

Наместо да служат само за превоз на иселениците, директните авио линии од Малме во Шведска, Милано во Италија или Виена до охридскиот аеродром, треба да се искористат да се привлечат туристи од овие држави, вели професорката по туризам, Ангела Пасквал. Штета е велат од туристичкиот сектор што ниту државата ниту општините не прават нешто за да ја искористат ова можност и да ги промовираат овие линии во интерес на туризмот.

Јас бев во Малме во туристички агенции. Прашав дали знаат за Македонија и Охрид, тие ми рекоа воопшто не знаеме дека постојат, ниту дека постои Македонија, ниту дека постои чартер лет. Овде еден ручек е 30 евра, а таму 200 евра. Едно пиво таму е 8 евра, а овде 1,5 до 2 евра. Значи може да замислите каков град ќе му понудиме ние на тие луѓе, кои имаат голема платежна моќ – изјави Ангела Пасквал- професор на факултет за туризам во Охрид.

Пасквал вели дека овие гости можат да се привлечат со евтините цени, како и со добриот распоред на авио летовите.

Од Малме летот е во петок и понеделник. Значи тие можат да си останат од понеделник до петок или од петок до понеделник, еден квалитетен викенд и 4 дена за 500 евра да поминат незаборавно. Но тоа никој не го промовира – рече Ангела Пасквал-професор на факултет за туризам во Охрид.

И угостителите велат дека е добро да се отвараат нови дестинации.

Колку пошарен избор на гости имаме, не само од најблиската околина, туку и од Скандинавските земји, тоа ќе биде еден нов предизвик за нас, со кој ќе треба да се справиме, но се надеваме на позитивен исход – нагласи Михаил Мишев-здружение на угостители на Охрид.

Освен гостите од регионот, во Охрид и Струга најбројни се туристите од Полска, Холандија и Турција.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button