ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО: Обвинение за лекарка од заводот во Демир Капија – поради несоодветна грижа, починало 12-годишно дете

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против лекарка специјалист по општа медицина во Специјалистичкиот завод Демир Капија поради чија негрижа починало 12 годишно дете згрижено во Заводот.

Како што соопштија од ОЈО, лекарката се гони за кривично дело – тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Таа била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница. Во периодот од 1.10. до 5.10.2020 година укажувала лекарска помош поради покачена телесна температура и дијареја на дете, родено 2009 година, сместено во Заводот со тешко нарушување на психо-физичкиот развој и церебрална парализа.

Меѓутоа, како што велат од ОЈО, спротивно на договорот, таа здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физички преглед на детето, давала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, кое дехидрирало и на 5.10.2020 година починало.​​

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button