ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оливер Спасовски поднесе оставка од функцијата во партијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ. Како што дознаваме, писмената оставка денеска е депонирана во седиштето на партијата.

Засега нема информација дали Спасовски ќе биде дел и од реконструираниот владин кабинет.

Потсетуваме дека пред неколку дена, во телевизиско појавување, Спасовски посочи дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ, односно дека новиот претседател на партијата, Димитар Ковачевски треба да избере нови лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button