МАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Осомничениот за помагање на убиството во „Шиша бар“, осомничен и за убиството на македонскиот бизнисмен на Халкидики

Лицето што е осомничено за помагање на двојното убиство во „Шиша бар“ и во моментов е во притвор во земјава, во Грција е осомничено и за убиството на македонскиот бизнисмен Орхан Бајрами-Оки и ранувањето на неговиот пријател, исто така македонски државјанин, што се случи на Халкидики во јули минатата година.

Грчката полиција соопшти дека го утврдила движењето на осомничениот и неговиот соучесник во убиството на Халкидики. Оттаму соопштија дека во непроодна област во близина на вилата во која престојуваше сега убиениот македонски бизнисмен биле пронајдени пиштол со придушувач и шаржер, волнена капа и ракавици со траги од барут. Лабораториските анализи покажале дека пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button