ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Откажани повеќе настани поради трагичниот настан во Тетово

Претседателот Стево Пендаровски ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот што настана синоќа во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, информираат од Кабинетот на Претседателот .

Претходно, настаните за денеска ги откажа и министерката за образование и наука Мила Царовска, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Настанот по повод прогласување на Шар Планина за национален парк, како и денешното судско рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“.

Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во Болницата во Тетово и за кратко време целосно изгоре Ковид центарот. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила. Пожарот е изгаснат за речиси половина час.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button