ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Парламентарното мнозинство без план за создавање кворум

Парламентарното мнозинство, во моментот, не гледа причина за продолжување на незавршените пленарни седници се додека нема гаранција дека опозицијата ќе влезе во сала. Отсуството на опозиција во салата значи и недостиг на кворум, имајќи предвид дека еден од 62-те мнозински пратеници е заразен со корона вирус, а друг се уште е во изолација. Парламентарното мнозинство вели дека единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ е блокирање, иако имале договори да продолжат да работат.

„Опозицијата наоѓа само изговор да ја забави работата на Собранието. Не се работи за никаков амандман. Тие не учествуваа вчера за да не усвои законот за вакцинација. Ако причината беше отфрлање на нивните предлози, најдобриот демант е дека имаше точка што беше нивниот предлог, интерпелацијата за Димитров. Ова е чиста блокада и опструкција. За тоа, тие не прифатија измена на Деловникот што требаше да се направи токму со овие ситуации, со цел да уценуваат и блокираат а пред граѓаните да покажат лажна загриженост“, влеат од пратеничка група на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во моментов не одговара дали ќе продолжи да не влегува на пленарна седница. Тие изјавија дека ова е последица на игнорирањето на владата на нивните забелешки и амандмани.

Лидереот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека пратениците од неговата пратеничка група не се чувствуваат должни да создадат кворум кога на владата и треба.

„Ако сака да функционира нормално, рековме, проширената Влада да ги реши отворените теми за да можеме што побрзо да се насочиме кон Европската унија. Тој не го прифаќа ова. Што друго сакате? Во другиот дел, ќе влеземе каде сакаме и таму каде цениме. Ние немаме никаква обврска кон нив. И не мора да влегуваме и да станеме дел затоа што во спротивно со право ќе кажете „ги купија“, „ги исплашија“, изјави Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.

Заразениот пратеник и тој во изолација не се очекува да се вратат на работа неколку недели, во зависност од препораките на лекарите. Ова значи дека мнозинството нема да има кворум за одреден период. Следната седница е закажана за 25 јануари, но не е познато како ќе се одвиваат случувањата до тогаш. Спикерот Џафери иницираше измена на Деловникот со кој пратениците во изолација можеа да гласаат од дома. Со ова сè уште нема консензус со опозицијата.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button